Синдикалците не отстапуваат од барањето за минималец од 450 евра и бараат да не се чека март

Синдикатите во земјава не отстапуваат од своето барање за минимална плата од 450 евра. Бараат Владата што поскоро да го свика социо-економскиот совет.

Апелираат да не се чека законскиот рок за пораст на минималецот во март, кој според нивните пресметки треба да изнесува 1.800 денари, согласно порастот на трошоците за живот и просечната плата.

Од ССМ велат дека март е далеку и не треба да се чека. Очекуваат зголемувањето на минималецот на 27.600 денари треба да се случи пред Нова Година. За споредба, во Босна и Херцеговина минималецот доживеа двојно зголемување, па од сегашните 310 евра, тој порасна на 600.

Пораст ќе следи од јануари следната година, заедно со фискалните реформи во земјата каде сопствениците на бизниси ќе бидат ослободени од плаќање на дел од придонесите.

Претходна вестМагла на планинскиот премин Плетвар, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Следна вестСе празнуваат светите Козма и Дамјан – чудотворци кои ги лечеле луѓето бесплатно