Синот починал, мајката тешко повредена во сообраќајката кај Катланово

Едно лице е починато, а другото тешко повредено во сообраќајката што се случила денеска околу 10.30 часот на автопатот Велес-Скопје пред тунелот кај Катланово. Според првичните информации во несреќата учествувало само едно патничко возило. ТВ Телма објави дека загинатиот е маж на околу 60-годишна возраст додека неговата 89-годишна мајка е тешко повредена.

-И синот и тешко повредената мајка се префрлени во велешката болница. Според првичните информации добиени од велешката Итна помош, починатиот немал физички повреди и е најден надвор од автомобилот кој удрил во банкината на автопатот. Ќе се утврдува дали е починат од други здравствени причини или од сообраќајната несреќа. 89-годишната жена имала повреди на главата и Итната помош ја префрлила во велешката болница, се наведува во информацијата.

Полицијата изврши увид на лице место за да се утврдат причините за несреќата. За време на увидот, сообраќајот беше во прекин, а после 12 часот е нормализиран.


Претходна вестИ Дедо Мраз да му помага Шилегов нема да оствари ни третина од ветеното, му останаа уште 10 месеци мандат
Следна вестОтежнат сообраќај кон Маврово и кон Дебар