Сирија има ново знаме

Режимот на Башар ал Асад е соборен, а тој побегна во Москва. Асад пристигна во Москва вчера вечер, откако руското Министерство за надворешни работи објави дека доброволно одлучил да поднесе оставка и да ја напушти Сирија, оставајќи им на властите во Дамаск наредба мирно да им ја предадат власта на бунтовничките групи кои сега го контролираат сирискиот главен град.

Бунтовниците во Дамаск, но и во амбасадите ширум светот закачија нови сириски знамиња. Дури и амбасадата во Москва го крена новото сириско знаме.

Новото знаме се состои од зелена, бела и црна боја. Во средината, на бела позадина, има три ѕвезди.

Претходното сириско знаме имаше црвена боја на врвот наместо зелена. Покрај тоа, претходното знаме имаше две зелени ѕвезди.

Претходна вестОсновото училиште „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава
Следна вестЗапочнаа работите за новата трибина на стадионот во Охрид