Сите 6.800 ученици во скопска Гази Баба добија бесплатни униформи

Сите 6.800 ученици во училиштата на територијата на скопската општина Гази Баба добија бесплатните униформи. Од општината Гази Баба велат дека со овој проект ќе допридонесат за ослободување на децата од предрасуди.

– Со овој проект ќе делуваме на ослободување на децата од предрасудите и на сите нив им останува единствената обврска да го совладуваат материјалот кој им се предава од страна на наставничкиот кадар. Ова е за прв пат во историјата, Општина Гази Баба да обезбеди бесплатна униформа за секој ученик, истакнуваат од општина Гази Баба

Реализацијата на овој проект доаѓа како исполнување на ветувањето од градоначалникот Бобан Стефановски, дека секој ученик ќе добие бесплатна училишна униформа.

Претходна вестЈадранка Дабовиќ – Анастасовска го помина комисискиот филтер за нов член на Уставен суд
Следна вестИНСТАТ го одби барањето на МАЕИ и Мала Преспа да биде опфатена со продолжениот рок за попис