Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови соопшти ТАВ Македонија

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ја известува јавноста дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови.

– Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи. Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите. Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет. Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.

Претходна вестНазначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи
Следна вестДачиќ: Ликвидиран убиецот на српскиот полицаец