Сите „рекорди“ на Олимпискиот комитет

Колумна на Томислав Андоновски 

Нашиот Олимиски комитет е формиран во 1993 година, со многу радост, задоволство и поддршка од пошироката јавност, од голем број стопанственици, бизнисмени, националните спортски федерации, од сите политички структури и партии, оти тоа беше основен услов за непречен настап на македонските спортисти на сите меѓународни натпревари, тогаш Република Македонија да има Македонски олимписки комитет.

Во своето делување и развој на олимиското „движење и стоење“ во нашата земја оваа организација оствари високи остварувања преточени во препознатливи „рекорди“.

Првиот рекорд е со претседателот кој во периодот од 1992 до 2020 година го водеше МОК цели 30 години, а новиот претседател е избран или не е избран, само Господ знае.

Вториот рекорд е исто така уникатен од 1993 до 2020 година, нашиот Олимиски комитет имал најголемо Собрание од околу 150 делегати, претставници или како сакаш именувај ги. Тоа биле лица кои гласале, избирале, дебатирале и се обидувале да одлучуваат, во уредена и свечена театарска атмосфера. Секое Собрание на нашиот Олимписки комитет завршувало, сигурно се сеќаваат учесниците, со невидено раскошно богати коктели како во бајките. Благодарејќи, на повеќе бизнисмени со добра и чиста намера, да помогнат на претседателот и Собранието, па и на спортот. Куриозитет врзан за демократското водење на нашиот Олимиски комитет, во перодот од 1993 до 2020 година, е фактот дека членови на Собранието биле и лица кои биле починати година, две, три, десет и повеќе години. Разбирливо, не учествувале во гласањето и Собранието, но затоа сите одлуки се носени, со усвоени стандарди и процедри со акламација.

Своевиден рекорд се и олимписките делегации и фунционери, кои задолжително, покрај скромниот број на спортисти, биле составени најчесто од сопруги, деца, пријатели кои имале особени привилегии да го доживеат најголемиот спортски настан, некои и по неколку олимпијади на неколку континенти. Отворете ги архивите, за тоа служат.

Посебен рекорд на нашиот, Олимписки комитет сигурно е неговото делување вака, онака, или како некој сака, како здружение на граѓани, па верска заедница, па здружение, ама никако да го усогласи своето работење со националното законодавство, како што тоа го прават сите спортски здруженија, национални спортски федерации и други правни лица со исполнување на условите за работа во дејноста спорт. И денес нашиот, Олимпискиот комитет, сѐ уште нема решение за вршење дејност спорт, не ги признава и почитува законите, а користи и остварува сериозни права и средства.

На рекордите им нема крај, за да бидеш вработен на било кое работно место, или на раководна фунција мора да се објави оглас, конкурс, услови и се што бара законот. Во нашиот Олимписки комитет тоа не е пракса и обврска, отворети ги архивите за тоа служат, проверете кој, кога, за што е вработен, а видете и за каква плата работат.

На крајот, своевиден уникатен развој нашиот Олимписки комитет го креирал во својот основен документ за работа, Статутот, почнувајќи од оној првиот, па сите останати. Без почитување на меѓународното спортско право, олимписката спортска повелба и националното законодавство. Затоа, статусот на Олимпискиот комитет, е недоречен, искривен, конструиран да обезбеди влијание и остварување на интереси на поединци, групи и нивни политички поддржувачи, без разлика дали се во позиција или опозиција. Бидејќи, вака концепиран, организиран и инсталиран Олимписки комитет не може да му служи на спортот и спортистите.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Народот не сака театар од Заев, сака оставка за да има објективна истрага
Следна вестПовеќе од 20 часа беснее шумски пожар близу Велес