Поранешната обвинителка Вилма Русковска, во разговор за Inside21 кажа дека е суспендирана и разрешена од функцијата, поради, како што рече, еден висок владин функционер и се јавил и рекол дека е „вон контрола“.
Русковска кажа дека секоја влада досега сакала да има контрола врз судството.
Висок владин функционер ми кажа: Ти си без контрола. И јас останав збунета. Сите влади, сакале да имаат контрола врз судството, а особено врз обвинителството, рече Русковска.