Динамо Загреб и Ријека вчера се сретнаа во рамките на 24. коло во ХНЛ, а на крајот победа славеше тимот на Адеми и Ристовски со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Фран Бродиќ од пенал во самата завршница.
Пред овој натпревар мета на навивачите на Ријека бил Марко Ливаја, додека по натпреварот гостинските фудбалери ја чекале полицијата да ги спроведе од јужната трибина.
Во таа ситуација според информациите на хрватските медиуми ќе настрадал и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
Адеми по завршувањето на обврските кон медиумите во микс-зоната поминувал под трибините и тоа во друштво на сопругата и синот, тогаш бил забележан од навивачите на Ријека. Како што се пренесува, кон Адеми биле упатени навреди на национална основа, но било и фрлено столче.
– Да ти е*еме мајката шип*арска, се слушало од јужната трибина, пишуваат медиумите во Хрватска.
Полицијата на крајот за среќа успеала да го изнесе Адеми безбедно од теренот.