Скопјанец донесен избоден во Градска болница

На 28.06.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Ш.(39) од Скопје со повреди од остар предмет.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и со него бил извршен разговор, во кој кажал дека околу 20.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија околу должничко доверителски односи, бил нападнат со остар предмет од едно лице кое го познавал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестБајден со семејството одлучува дали ќе ја продолжи трката за претседателските избори
Следна вестТрипуновски: Земјоделците од Овчеполието прв пат после долги години ќе добијат навреме вода за наводнување