Скопјанец дошол пред куќата на Јакимовски и му се заканувал дека ќе го убие

Скопјанец дошол пред куќата на Јакимовски и му се заканувал дека ќе го убие. Тој добил забрана да се приближува или да има контакт со градоначалникот

– Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 60-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста предвидено во член 144 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. На 4 октомври, осомничениот со мотоцикл дошол пред куќата на градоначалникот на Општина Карпош и неговото семејство, па без причина најпрвин започнал на висок тон да го навредува, а потоа и вербално да се заканува дека ќе го убие и ќе му го уништи животот. Со заканите продолжил и кон сосед кој случајно поминувал таму.

Истиот ден, во вечерните часови, осомничениот телефонски му се јавил на градоначалникот и продолжил да му се заканува. Откако оштетениот го прекинал телефонскиот разговор, продолжил да му испраќа заканувачки пораки на вибер-апликација“, велат од Обвинителството.

Додека оштетениот го пријавувал настанот во полициска станица, осомничениот отишол во неговиот дом, викал и упорно ѕвонел на влезната врата, вознемирувајќи ги членовите на семејството, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител на судот му предложи да определи мерка на претпазливост – забрана за осомничениот да се приближува, да воспоставува или одржува контакти со оштетените лица на кои им ја загрозил сигурноста.

Претходна вестГрадот Скопје ја започна втората фаза од реконструкцијата на улица „808“ во Гази Баба
Следна вестСДСМ: Малиот Груевски освен блокади друго и не знае