Скопјанец ја претепал сопругата и нејзиниот син, а потоа бил агресивен и кон полицајците

Денеска во 00.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот А.Р. од скопско, затоа што во домот физички ги нападнал неговата брачна партнерка и нејзиниот 18-годишен син, извести МВР.

– Потоа тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестПриведени двајца крадци во Неготино, го признале делото
Следна вестЃорческа експресно во четврт-финалето на турнирот во Хрватска