Скопјанец од Лисиче сурово малтретира и удира мачка од земја, „Анима мунди“ бара да биде казнет

Санкционирање на граѓанин од Лисиче кој сурово малтретира и повредува мачка, побара денеска организацијата за заштита на животните „Анима мунди“. Таа на социјални мрежи објави снимка на која се гледа како ова лице се иживува врз животното. Во информацијата се наведува дека според сведоците и сопственикот на мачката се работи за извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје.

-Тој на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка. Ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката бидејќи според сведоштвата истиот ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума. Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар, се наведува во објавата на „Анима мунди“.

Се предупредува дека ваквите млади лица кои покажуваат волку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија, според стручни лица, можат да ја применат и на луѓе.

-Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина. Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, нагласуваат од „Анима мунди“.

Претходна вестДраматично предупредување на Русија, радиоактивен облак од Украина се шири кон Европа
Следна вестГрад Скопје: Намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли на „Железничкиот мост“ во Карпош