Скопјанец приведен поради предизвикување пожар, сакал да ја запали и куќата

На 12.08.2024 во 05.00 часот, полициски службеници од Единциата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.

Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од ДУИ ќе одговараат, затоа се нервозни
Следна вестРистовски: Горд сум, конечно постигнав гол за победа