Скопјанец со нож ја нападнал братучетката, кршел и ги нападнал соседите

Скопјанец предизвикал инциден во Гази Баба при што се заканувал со нож, информира полицијата.

– На 25.09.2024 во 18 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот братучед Б.А.(22) и се заканил со остар предмет, оштетил дел од покуќнината и се обидел да го нападне нејзиниот сопруг, а потоа во дворот физички ја нападнал неа, како и соседите Ѓ.И.(41), А.Д.(48) и А.М.(63), соопшти МВР.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Претходна вестДУИ повикува на итно донесување на уставните измени