Скопјанец со закана со пиштол принудувал луѓе да вадат пари од банкомат и да му ги дадат

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.С.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“.

На 16.08.2024, пријавениот со закана со пиштол принудил едно лице од банкомат да извади пари и да му ги даде.

Исто така, на 10.05.2024 на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, откако пријавениот проверил дека друго лице немало пари на банкарската картичка, со пиштол му упатил закани.

Претходна вестСе опструира ли владината одлука за ограничувањето на маржите на училишниот прибор?
Следна вестСДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ