Скопјанец украл електричен тротинет, при претрес му пронашле и пушка

Скопјанец украл електричен тротинет, а при претрес во неговиот дом се пронајдени пушка и муниција. Тој признал уште една кражба.

На 13.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Ј.Ф.(24) од Скопје, поради тоа што управувал електричен велосипед за кој постоело сомнение дека потекнува од кривично дело „кражба“.

Со него бил извршен службен разговор во кој признал уште едно дело „кражба“, при што на 09.07.2023 на бул.„Никола Карев“ одзел електричен тротинет, а електричниот велосипед бил вратен на сопственикот.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Ј.Ф., при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка, повеќе ловечки патрони, рамка за пиштол и други делови за пиштол. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестНа дечињата им ги врзувала рацете, колената и стапалата со селотејп, ги повредила, подигнато обвинение против мајката
Следна вестМинистерка Шукова за „Иловица“: Лично сум против нови рудници во државава, утре ќе бидам на протестот во Струмица