Скопјанец бил нападнат пред угостителскиот објект во с.Трубарево

На 30.07.2020 околу 00.30 часот во СВР Скопје, С.С.(50) од Скопје пријавил дека додека бил во угостителскиот објект во с.Трубарево, неговиот син Ф.Н. пред објектот имал вербална расправија со непознато лице, по што дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, во која се вклучиле уште две непознати лица, од кои едното со дрвен предмет  му нанело тешка телесна повреда на С.С., констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСобранието се конституира во вторник, по Илинден разговори за влада
Следна вестПолицијата со засилени контроли за продолжениот викенд во Охрид