Полицијата го привела синоќа Б.П (67) од Скопје, кој превезувал тројца Кубанци што влегле илегално во државата.
Како што соопшти МВР, Б.П. е лишен од слобода синоќа околу 19:30 часот, на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица „Градско“.
При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал, биле забележани Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, соопштија денеска од МВР.
Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.