Човек загинал при пад од покрив на семејната куќа. Имено, во попладневните часови вчера во полициското одделение Сарај била пријавена смрт на 64-годишник од ова скопско село.
Според пријавата, додека работел на покривот од својата куќа, 64-годишникот паднал во дворот на соседот.
По незгодата, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 20.40 часот починал.
Полицијата работи на расчистување на случајот.