Скопјанец паднал од покривот на својот дом и починал

Човек загинал при пад од покрив на семејната куќа. Имено, во попладневните часови вчера во полициското одделение Сарај била пријавена смрт на 64-годишник од ова скопско село.

Според пријавата, додека работел на покривот од својата куќа, 64-годишникот паднал во дворот на соседот.

По незгодата, тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 20.40 часот починал.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Претходна вестДвајца скопјани приведени поради дрога
Следна вестНаоружајте се со кофи идат силни дождови, не ги барајте градоначалниците, тие се за фини нешта