Дваесет и четири годишен скопјанец кој се обидел да убие две лица во викендица во кочанско доби 30 дена притвор. Тој е обвинет и за нелегално поседување на оружје.
Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал ловечка пушка која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот.
Двајцата кои биле негова цел се скриле во викендица. Но, осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата, но за среќа не ги погодил.