Скопјанец со пиштол се заканувал во обложувалница

Дваесет и едногодишен скопјанец е приведен под сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво” во спортска обложувалница на улица „Финска”.

Скопјанецот е приведен вчера во 21:10 часот, а Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за Н.Ј.Со наредба од Основниот кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом, при што бил пронајден пиштол „Екол &Волтран Туна” со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото, пишува МИА.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестПриведен 21. годишник скопјанец поради разбојништво
Следна вестДизелот поскапува од полноќ, бензините поевтинуваат