Педесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа на излезот од Гевгелија која што се случи претпладне..
-Несреќата се случила вчера кога патничко возило „Мини морис”, со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, излетало од патот, соопшти МВР.
На местото на незгодата починал возачот, а увид извршиле увидна екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.