Скопјанец загина кај Гевгелија, излетал со возило од патот

Педесетгодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа на излезот од Гевгелија која што се случи претпладне..

-Несреќата се случила вчера кога патничко возило „Мини морис”, со бугарски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, излетало од патот, соопшти МВР.

На местото на незгодата починал возачот, а увид извршиле увидна екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Претходна вестЗагрижувачко: Починаа 9 пациенти на возраст од 23, 29, 44, 52, 60, 60, 62, 70 и 71 години
Следна вестПротест на ВМРО-ДПМНЕ: За ЕУ, но без трговија со Гоце Делчев и македонското постоење