Неколку дена откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека е можно спомениците од Скопје 2014 да се дислоцираат во т.н. мементо парк, како спомен на – според него, едно режимско време, реакциите од скопјани не стивнуваат.
Доминираат таквите дека е чист популизам да се тргаат поставени габаритни споменици- и за тоа да се трошат народни пари, само заради тоа што ги поставила претходна власт, до такви дека сега не е време за такви активности бидејчи има други поважни работи.
-На тој начин се одвлекува вниманието на јавноста од реалниот проблем на актуелната власт, а тоа е немањето стратегија да се решат други проблеми, пред се со загадувањето…
-Каде ви се 33 мерки што ги најавувавте за спречување на загадувањето? Кому му е гајле за спомениците, се угушивме сите, разбирате? Барем една од мерките да вродеше плод…
-Мислите народот ќе се запали предизборно на ваквите коментари за дислокација на споменици? Скопје е многу повеќе од тоа, а вашата работа не е само реновирање улици… Во заблуда сте…, се дел од коментарите се напишани и на самиот Фејсбук профил на Шилегов.
Се разбира има и такви кои ја поддржуваат најавата на градоначалникот, но не доминираат како број. Една од ретките јавни поддршки стигна од архитектот Мирослав Грчев.