Скопјани: Кому му е гајле за спомениците, се угушивме сите, разбирате?

Неколку дена откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов најави дека е можно спомениците од Скопје 2014 да се дислоцираат во т.н. мементо парк, како спомен на – според него, едно режимско време, реакциите од скопјани не стивнуваат.

Доминираат таквите дека е чист популизам да се тргаат поставени габаритни споменици- и за тоа да се трошат народни пари, само заради тоа што ги поставила претходна власт, до такви дека сега не е време за такви активности бидејчи има други поважни работи.

-На тој начин се одвлекува вниманието на јавноста од реалниот проблем на актуелната власт, а тоа е немањето стратегија да се решат други проблеми, пред се со загадувањето…

-Каде ви се 33 мерки што ги најавувавте за спречување на загадувањето? Кому му е гајле за спомениците, се угушивме сите, разбирате? Барем една од мерките да вродеше плод…

-Мислите народот ќе се запали предизборно на ваквите коментари за дислокација на споменици? Скопје е многу повеќе од тоа, а вашата работа не е само реновирање улици… Во заблуда сте…, се дел од коментарите се напишани и на самиот Фејсбук профил на Шилегов.

Се разбира има и такви кои ја поддржуваат најавата на градоначалникот, но не доминираат како број. Една од ретките јавни поддршки стигна од архитектот Мирослав Грчев.

Претходна вестНови 504 случаи на корона вирус, починаа 46 лица
Следна вестОд денеска „МиниАРТура“ во Уметничкиот центар Арт Хаб