Откако „О2“ иницијативата алармираше дека не им било дозволено онлајн да ја следат седницата на општина Карпош на која се дискутирало за буџетот, се актуелизираше прашањето за транспарентноста на општините во носењето и одлучувањето за буџетите. Еко-иницијативата реагираше заради тоа што буквално биле оневозможени електронски да ја следат расправата „за пари кои им припаѓаат и доаѓаат само и само од граѓаните“.
-Тие би можеле да ја исклучат јавноста целосно за да не знаеме што се случува. Иако се тоа наши пари! И не само Карпош туку и сите останати општини. Но, забораваат дека ќе дојдат локални избори и дека не се сите граѓани партиска машинерија што ја командаат како сакаат, коментираат скопјани на социјалните мрежи.
Најчесто оправдување за општините е дека не одвоиле или немаат доволно финансиски средства за овозможување на онлајн следење на седниците. Единствено Град Скопје има набавено опрема. Но прашањето е зошто повторно граѓаните не можат да ја следат онлајн расправата ако техничката логистика постои? Одговор нема, а ветувањето беше дека не само на веб страната, туку седниците ќе ги има и на фејсбук и другите социјални мрежи што го поддржуваат Градот.
Ваквата опрема не е ефтина работа, а Градот веќе ја набавил. Сега треба итно да објасни зошто скопјани не може да се во живо во тек со тоа што се одлучува на седниците на советот, во врска со нивните пари.