Скопјани пијат безбедна вода

Анализите на узорците покажале дека скопјани пијат чиста и безбедна вода. ЈП „Водовод и канализација“ денеска соопшти дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 11.07.2022 до 15.07.2022 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во град Скопје.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РСМ, бр.183/18), се наведува во соопштнеито.

Анализите се направени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Претходна вестВо недела: 49 возачи казнети за брзо возење, 8 за возење без дозвола…
Следна вестПовик до коњаниците да се пријават за учество на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“