Скопјани пијат квалитетна вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.08.2024 до 16.08.2024 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).

Претходна вестСе чека ли да се урне целата „Белградска“ улица за да почне поправката на потпорниот ѕид?
Следна вестПоарно ќе беше пластични дрвца да насадеа во Аеродром