Скопје блеска во новогодишен амбиент среде април

Четири и пол месеци по дочекот на Новата Година, во Скопје се уште владее новогодишна еуфорија. Причина за тоа се украсите кои се уште не се целосно отстранети, а зошто е тоа така не знаат ни граѓаните, ни туристите.

И покрај тоа што се заклучени и не се користат, новогодишните куќарки кои Град Скопје ги стави на Плоштадот Македонија пред Нова година се уште се таму.

Освен куќарките, долж булеварот свети Климент Охридски не се извадени дел од новогодишните украси. Иако не светат, се уште висат сијаличките и чадорчињата над булеварот.

Која е причината што строгиот центар на Скопје среде април има новогодишни украси засега не се знае.

Лани главниот град беше украсен една недела пред дочекот на Новата година, а украсите од улиците почнаа да се вадат дури во март. За украсувањето се заинтересира и финансиската полиција, но оттаму досега немаат соопштено до каде е истрагата за тоа кој го украсил градот и за колку пари.

Поради критиките дека градот доцна беше украсен, градоначалничката Арсовска најави дека во 2024 година ќе се накити уште во септември.

Претходна вестТешко повредена малолетничка во сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет и автомобил
Следна вестСилјановска Давкова денеска во Управниот суд ќе го брани ставот дека АСЈО го прекршува изборниот законик