Скопје е цветен град, само цвеќето го нема

Скопје е многу убав град и ќе го направиме поубав. Нема скопски градоначалник или од оние на општините кој ова не го повторува по 100 пати месечно. Посебно ако се вклучени камерите. Арно ама…

Речиси нема дел од градот по кој граѓаните не забележуваат по неколку жардиниери кои се оставени по некои ќошиња за да не пречат иако некои се ставени и среде пешачките зони. Имале друга намена – да разубават, но сега се без цвеќе туку полни со ѓубре или се превртени. Која е тогаш нивната функција и полезност за поубав град?

Тие станаа „вишок“ кој никому не му треба, а на надлежните и не им се гледа дека го нагрдуваат градот. Единствено им се при рака на разгалени скопјани кои ги користат како канти за отпад.

Инаку, не треба многу за жариниерите да ја имаат вистинската намена. Потребно е само да се соберат, да им се определи соодветно место и да се насади соодветно цвеќе, грмушки, дрвца…

Го можат ли тоа новите градоначалници?

Претходна вестИ по 5 месеци нема конечен извештај за ужасниот пожар во тетовската болница
Следна вестСДСМ: Цените повисоки за 9%, а минималната плата повисока за 100%