Скопје и годинава се одомаќини на листата на најзагадени градови во светот

Екстремно загадување ноќеска доживеа Скопје откако во воздухот беа измерени високи концентрации на опасните ПМ 10 честички. Загадувањето го донесе градот на петто место според концентрациите кои во одделни подрачја без високи и до осум пати повеќе од максимално дозволените.

Најголемо ниво на загаденост е забележано во скопската населба Маџир маало каде се измерени 410 микрограми на ПМ10 честичкина кубен метар воздух, како и во Ѓорче Петров каде имаше 407 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.

Инаку, дозволеното е максимум 50 микрограми/ м3, додека ПМ2 честичките можат да одат до 25 мг/м3

Енормно беше загадувањето и во Кисела Вода, каде мерната станица покажува 398 ПМ 10 честички. Близу 300 микрограми се измерени и во Ново Лисиче и Гази Баба, каде мерните станици мерат 296, односно 287 ПМ10 честички на метар кубен.

Високи вредности, односно во црвената и виолетова зона се речиси сите останати мерни станици во Скопје. Аерозагадувањето синоќа беше високо и во Кавадарци, Гостивар, Тетово и Велес.

Вакви концентрации бараат преземање на конкретни мерки, надлежните не треба да чекаат веќе, особено што ова не е прв пат годинава Скопје високо да котира на листата на најзагадени градови во светот.

Претходна вестКазни за 761 лице за неносење маски
Следна вестШто кажува стиропорниот Димитров за односот кон Комисијата за надворешни работи?