Пристигнаа студените денови, а со нив и секојдневното загадување на воздухот во Македонија, особено во главниот град, кој периодов одвреме-навреме е на врвот на листата на најзагадени градови во светот.
Скопје утрово е на седмо место, а на листата пред него е уште еден град од соседството – Сараево (трет град во светот загаден).
Според последното мерење, воздухот во Скопје е окарактеризиран како „многу нездрав“, а концентрацијата на ПМ2,5 честичките е 167, што е 15,7 пати поголема од она што го предлага Светската здравствена организација.