Скопје на листата приоритетни градови за посета, ама што да видат туристите?

Скопје се најде меѓу градовите што мора да се посетат приоритетно по завршувањето на ковид-пандемијата, на листата на човекот познат како влијателна личност на Инстаграм. Потпишан како „lukewhereiam“ тој има огромен број на луѓе кои го следат, и чекаат препорака од него за да посетат некоја локација.

Ваквата информација предизвикува чувство на гордост кај скопјани, разбирливо оти тоа е „градот со душа“ за нив. Но, двојно повеќе реакции се револтирачки заради различни причини. Еве дел од нив:

-Каде да дојдат тие што сакаат да дојдат? Во најзагадениот европски град?!
-Повелете во Скопје, каде на дивите депонии отпад истура самото комунално претпријатие, а кога случајно камионот на претпријатието е забележано од некоја камера, експресно бега од лице место!
-Нека повелат во градот во кој питачите, меѓу кои има и такви облечени во најмодерни фармерки, вријат по раскрсниците, од бебиња со мајки, до стари лица…, се само дел од реакциите на социјалните мрежи и во електронското сандаче на „Скопско ехо“.

Привилегија е да се препорача Скопје како дестинација за посета, но не е лошо секогаш да се потсетуваат надлежните дека не водат доволно грижа за главниот град. Препораката на Инстаграм е задолжително да се посети Матка.

-Тамам дивите платформи  среде прекрасна природа да ги видат, коментираат иронично скопјани.

Претходна вестМВР апелира граѓаните да не користат петарди за празниците
Следна вестСтартува конкурсот за меѓународниот фестивал за краток филм „Филмај“