Скопје утринава на 12-то место по загаденоста на воздухот во светот

И утринава продолжи прекумерната загаденост на воздухот во македонската метропола. Откако синоќа Скопје се најде на осмото место по загаденост во светот според податоците на мрежата IQAir со измерениот индекс од 165 микрограми ПМ 2,5 честички, утринава индексот на загадувањето е 130 микрограми.

Со ова, Скопје се најде на дванаесетото место на листата на светските метрополи по загадувањето на воздухот.

Податоците на IQAir покажуваат дека дури за двете пати е прекумерна концентрацијата на ПМ 2,5 честички бидејќи се измерени 47,2 микрограми на кубен метар воздух. Ова повлекува предупредување дека воздухот е нездрав за сензитивните групи граѓани.

Претходна вестМицкоски за средбата со Макрон: Оптимист сум за нашата иднина, се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива
Следна вестИЈЗ: Стручните лица телефонски ќе ги советуваат граѓаните како да се одвикнат од цигари