Скопје утринава со нездрав воздух, на шесто место во светот според загаденоста

Загаден воздух изутринава дишат скопјани, покажуваат податоците на двете интернет страници што ја мерат загаденоста на воздухот. Според страницата Iqair.com индексот на загадувањето на воздухот околу 9 часот е 165 и со што македонската метропола е рангирана на шесто место во светот според загаденоста. Најприсутни се штетните ПМ2,5 честички со концентрација 83,5 микрограми на кубен метар воздух.

-Воздухот е нездрав за дишење. Не треба да се излегува надвор за физички активности, носете маска и затворете ги прозорците, препорака е што ја дава ова интернет – страница.

Најзагаден град во светот утринава е Делхи, Индија со индексот 259.

Нездрав воздух во Скопј епокажуваат и податоците на интернет-страницата waqi.info. На неа, најзагаден воздух се има во Ѓорче Петров, со индексот 11 микрограми штетни чеситчки на кубен метар воздух. Во Гази Баба индексот е 172. Нездрав воздух има и во Велес, Струмица и во Битола.

 

Претходна вестОН предупредуваат дека Газа стана непогодна за живеење по три месеци напади
Следна вестИзборот на Елмас: Пандев, Роналдињо, Меси…