Скопје во 24 часа: Во болница примени 16 нови пациенти со компликации од ковид

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 16 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 240 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се сместени на инфективните оддели во главниот град.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, најмногу приеми имало на Инфектиивната клиника – 9, пет во ГОБ „8 Септември“ и двајца на интерните клиники.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Претходна вестВо Србија можат да се вакцинираат и македонски граѓани, но само ако имаат српско државјанство или престој
Следна вестНајнова најава за инвестиции: Две фирми би вложиле 300 милиони евра во Македонија