Вчера полицијата во Скопје изрекла 15 мерки за возење без возачка дозвола. Слично е секој ден.
Сообраќајната некултура во Скопје царува со години. Дрскоста оди до таму што се вози вез возачки како да е тоа нормално. Последниве неколку дена без да го сметаме вчерашниот полициските службеници уловиле 65 возачи кои возеле без положен возачки испит низ улиците на Скопје. Ќе успее ли полицијата да ја намали оваа загрижувачка состојба?
Полицијата завчера за возење без возачка дозвола изрекла 13 санкции, претходниот ден, пак, седумина биле фатени како возат без документ. А минатиот викенд полицијата казнила дури 25 возачи кои управувале со автомобил, без возачка, низ македонската метропола.
За загриженоста да биде помоголема меѓу казнетите се и превозници на училишни автобуси. На акциската контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, спроведена на 10.11.2022 од страна на Министерсвото за внатрешни работи.
-Констатирани се 60 сообраќајни прекршоци, од нив четири за возење без возачка дозвола, велат од МВР.
До кога ќе се дивее во сообраќајот без никаков ред, поредок и дисциплина? Овие бројќи се само статистичките податоци на оние кои „немале среќа“ и биле фатени од полицијата. Прашање е уште колку вакви несовесни граѓани излегуваат од дома, влегуваат во автомобилот и нурнуваат низ сообраќајниот метеж без возачка дозвола?
Ќе стават крај на ова одговорните од МВР или полека возачката дозвола нема да ја има важноста која треба да ја има!? Дали можеби треба да се менуваат и регулативите за казнување, за полагање испити…?