Сообраќајната некултура во Скопје никако да спласне. Напротив. Улиците се полни со несовесни возачи. Полицијата уверува дека прави се да ги дисциплинира. Така било и вчера кога МВР вршел контроли во областа на сообраќајот.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14, 8 санкции за непрописно престигнување и обиколување, 10 за возење без возачка дозвола, четири за минување на затворен семафор (црвено светло, соопштуваат од полицијата.
Исто така биле изречени и пет мерки за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, 36 мерки за непрописно паркирање.
Бројките загрижуваат. Возењето без возачка како и поминувањето на црвено станаа вообичаена работа за многумина во главниот град на Македонија. Полицијата тоа мора уште поревносно да го сузбива.
Од МВР уверуваат дека акциите ќе продолжат, а и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.