Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж булеварот не работат, а улиците околу булеварот исто така не се осветлени – единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради.
Мракот ја загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ги преминуваат пешачките премини и кој светат со блиц од мобилните за да поминат.
Граѓанската иницијатива „Шанса за центар“ ги повикуваат Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска да го вратат осветлувањето на булеварот, но досега нема никаква реакција од нив.
Оттаму, „Шанса за центар“ синоќа постави трепкачи за велосипед кај пешачките премини на „Кочо Рацин“, за да привремено „малку од малку“ ја подобрат состојбата на улицата.
https://www.facebook.com/watch/?v=752131363794229