Скопските и општинските инспектори ќе делуваат како еден тим против нередот и загадувањето

Инспекторите за животна средина, комуналните инспектори и комуналните редари од Град Скопје заедно со инспекторите и редарите од сите скопски општини од денеска се дел од еден заеднички тим. Овој тим од сега ќе делува за заштита на животната средина и природата, за преземање мерки за заштита и спречување на загадувањето на водата, воздухот, земјиштето, заштита од бучава и нејонизирачко зрачење утврдени во Законот за локална самоуправа.

Ова беше соопштено на денешната конференција за печат на скопскиот и градоначалниците од останати скопски општини: Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Сарај. Тие денеска потпишаа меморандум за соработка за заедничко вршење на надлежностите во делот на инспекцијата.

– Од денеска, за комуналниот ред и животната средина во Скопје повеќе не постојат административни граници и пречки. Нашата заедничка цел е воспоставување ефикасна и независна инспекциска служба, целосно елиминирање на просторот за злоупотреби, со повеќе казни за оние што не го почитуваат законот и повеќе едукација за граѓаните во превентивна насока. Затоа со овој меморандум ги поставуваме основите за заедничко институционално делување во делот на инспекцијата, го прошируваме и надградуваме тимот и го унапредуваме целиот процес пред формирањето на заедничка комунална полиција која во градови со големина на Скопје е повеќе од неопходна, рече градоначалникот Шилегов.

Тој објасни дека нивните планови за во иднина се да се најде начин оваа соработка да се прошири не само на регионално ниво, туку и да се формираат заеднички тимови и со државните инспекторати за делување во повеќе области.

Претходна вестЛевица со амандмански велигденски јајца го потсетува Џафери кога со недели молчеше во парламентот
Следна вестПротестни блокади пред Владата и МНР: Да се сплотиме против Заев за да победи Македонија