Следната година трета доза на вакцина против ковид?

По вакцина и ревакцина, следната година најеројатно ќе треба да се прими и трета доза од вакцината против ковид-19, вели првиот човек на германскиот Советодавен комитет за вакцинација (Стико) од институтот „Роберт Кох“ во Берлин, вирусологот Томас Мертенс.

Тој за весникот „Функе“вели дека засега сè уште нема доволно податоци за да се каже кога точно ќе треба да се прими нова доза и дали заштитата слабее побрзо во одредени групи, па тие ќе имаат поитна потреба од вакцина.

Ваквите коментари на Метенс доаѓаат еден месец откако извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, изјави дека веројатно на луѓето ќе им треба трета, „засилувачка“ доза од вакцината откако ќе поминат 12 месеци од примањето на втората доза.

Претходна вестВо Скопје се пие безбедна и квалитетна вода
Следна вестБројот на заболени од вирусот опаѓа, но починале 19 пациенти