Нема да има задолжително вакцинирање во Словенија. Имено, словенечкиот Уставен суд пресудил дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен.
Со ова се сопре новото правило за задолжителна вакцинација кое требаше да стапи на сила на 1 октомври. Уставниот суд ја суспендираше владината одлука, откако некои државни службеници, вклучително и полицискиот синдикат, се побунија, објави агенцијата СТА.