Смртно прегазен пешак во тетовско

25-годишен возач смртно прегази пешак во тетовско.

– На 17.09.2024 во 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(25) од с.Камењане, тетовско, удрило во пешакот Р.Р.(61) од село Теарце, тетовско. Од здобиените повреди, пешакот Р.Р. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, соопштија од полицијата.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Претходна вестПолицијата ја бара 23-годишната Теодора и нејзината двегодишна ќерка
Следна вестМалолетник избоден со нож, го нападнала група тинејџери