Снег паѓа на патот кон Попова Шапка и на превоите Стража и Пресека

Денеска во период од 12 до 16 часот ќе има времен прекин на сообраќајот на експресниот пат А2 делница Длабочица – Чатал на потег село Ветуница – мост на река Блидеш поради минирање. Возила ќе се пренасочуваат по локалните патишта, а сообраќајот за тешките товарни возила ќе биде во прекин се до расчистување на магистралниот пат, соопшти АМСМ.

Оттаму информираат дека сообраќајот на сите патиштата се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Тетово и на Попова Шапка, а во Гостивар и на планинските превои Стража и Пресека врнежите се од дожд и снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестПолицијата го бара исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје
Следна вест„Левица“: Дивоградбите во Чаир ја докажаа нефункционалноста на легализацијата донесена од СДС и ДПМНЕ