Чи Кели објавила нови фотографии од чудовиштето Ненси во шкотското езеро Лох Нес, митско суштество за кое многумина веруваат дека не постои. Чи фотографиите ги направила уште во 2018 година и му ги покажала на Стив Фелтам кој 30 години се обидува да ја разреши една од најголемите мистерии.
За фотографиите Стив рече дека се најдобрите досега направени. Чи со сопругот Скот ги направиле фотографиите додека биле на семеен одмор во 2018 година. Тие ја снимиле областа во Дорес Ин, а Стив ја убедил да ги објави иако се плашела од јавен потсмев.
-Кога ги фотографирав Скот со ќерка ми Алиса, на околу 200 метри од брегот се појави тоа суштеството. Не ја видов главата или вратот. Исчезна по само неколку минути. Отпрвин се прашував дали е тоа видра, пар видри или фока, но никогаш не ја видовме главата и никогаш повеќе не се појави во воздухот. Праеше чудно движење на површината. Не слушнавме никаков звук. Имаше чудни форми под површината. Не можев да издвојам никакви бои – водата беше темна. Не можев точно да ја проценам неговата должина, но двата дела што беа видливи беа помалку од два метри заедно, рече Кели и додаде:
-Дефинитивно беше животно, но не сакав да се изложувам на јавен потсмев и затоа не ги објавив фотографиите. Верувам дека постои нешто во Лох Нес. Има нешто необично, но не знам што. Она што го видов изгледаше како змија.
Стив за фотографиите од Ненси рече дека се највозбудливите досега што ги видел.
-Ова се највозбудливите површински слики на Неси што сум ги видел. И јас сакав да направам и се обидував повеќе од три децении“, рече Фелтам.
Али Чи Кели ги чувала необичните слики за себе цели пет години, бидејќи премногу се плашела да не биде исмејувана. Нејзината снимка покажува џиновско суштество налик на јагула, кое полека се врти на површината на езерото, каде што ваквите глетки се бележат со векови. Чи конечно се осмели да ги покаже своите слики по организираниот лов минатиот викенд по легендарното чудовиште од Лох Нес, пишува Сан.
Фотографиите се направени на источниот брег на езерото во близина на селото Дорес во август 2018 година, кога Чи – која е родена во Јапонија – летувала во областа со нејзиниот сопруг бизнисмен Скот.
-Мојот сопруг е по потекло од областа Инвернес и плажата Дорес е многу посебно место за мене бидејќи ме одведе таму кога првпат се запознавме, рече Чи.