Со аплауз дочекан доктор Бобан Вучевски обвинет за пожарот во тетовската болница

Продолжува поддршката на Докторот Бобан Вучевски, кој е обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово. Тој денеска со аплауз беше пречекан од пациенти пред судот, каде што се даваа завршни зборови.

Тој им заблагодари и за поддршката. Десетици граѓани порачаа дека судот треба да донесе ослободителна пресуда.

– Конечно, време е веќе да се донесе ослободителна пресуда за докторот. Да не доаѓа во овие судници, нему местото му е да биде со пациентите. Затоа, за жал, во нашата држава, најдобрите и најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјата и ќе нема кој да нè лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците, затоа што нема никаква вина. Тој колку може – помагал и сè уште им помага на пациентите. Ова е нанесена неправда, тој треба да се награди, а не овде да си го губи времето. Него го чекаат пациенти на кои им дава што е можно најголема помош, рече жена, која беше на протестот пред судот.

Судењето за пожарот во модуларната болница е пред носење пресуда.

Претходна вестЖена била искасана од куче скитник на гробиштата во Бутел
Следна вестБајден амбициозен: Ќе се кандидирам на претседателските избори