Со „бмв“ и „мерцедес“ прегазени двајца пешаци во Скопје, тешко се повредени

Вчера, во 11.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на платото од станица за технички преглед на улицата Александар Урдаревски во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. А. (44) од с. Љуботен, Скопско, удрило во пешакот Д. Л. (54) од с. Чучер Сандево.

Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Истиот ден во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Петричка во Скопје, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е. С. (21) од Скопје, удрило во пешакот М. Р. (68) од Скопје.

Во несреќата тешки телесни повреди добила М. Р., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестВо новото мнозинство ќе бидат тројца-четворица пратеници од Европски фронт, тврди Меџити
Следна вестСилјановска Давкова на средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ