Приведен крајно неодговорен возач во скопско. Имено, триесетгодишен жител на скопското село Батинци ноќеска со „бе-ем-ве“ дивеел на автопатот Скопје – Куманово, при што ја искршил рампата на наплатната станица Романовце. Потоа на влезот во Скопје удрил во полициско возило.
Лицето Б.С. било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.