Со денешно бесплатно скијање почнува скијачката сезона на Ски центарот “Стрежево” – Нижеполе.

Со денешно бесплатно скијање започна скијачката сезона на ски-центарот “Стрежево“ – Нижеполе, кај Битола. Традиционално, сите посетители на располагање имаат два ски лифта, а ќе има и ноќно скијање.

И оваа сезона скијањето на ски патеката со која стопаниува “Стрежево“ од Битола ќе биде достапно за посетителите по поволни цени.

-Синоќа со наша механизација и камиони од „Македонија пат“ се овозможи патот да биде прооден и проширен по интензивните снежни врнежи деновиве, а се чисти и паркинг просторот наменет за посетителите на ски-центарот Стрежево, и воедно се завршува со уредување и обележување на постојните скијачки патеки, вели директорор на “Стрежево“ Менде Граматковски.

Денес ќе биде ставена во функција и редарската служба.

Претходна вестПочина новинарот Предраг Димитровски
Следна вестМаж во Радовиш украл „форд“ – полицијата го приведе